Царините наметнати на увозот на српски стоки остануваат во сила. Ова беше уште еднаш нагласено од страна на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, цитиран од Газета Експрес.

Според неговите зборови, до конечниот договор со Србија, мерките остануваат. Харадинај  инсистира  на гаранции за неговата земја.

Премиерот ја  даде изјава на средба со бизнис претставници во Митровица и порача дека  не е убеден дека конечниот договор со Белград ќе биде во интерес на Косово.

Потсетуваме дека Белград и Приштина мора да потпишат договор во Вашингтон на 12 јуни, кој ќе стапи на сила шест месеци подоцна.

Меѓутоа, новите драстични царински давачки и создавањето на косовската армија повторно ги заострија односите меѓу двете земји.

Косово не и треба на Србија да го признае . Косово нема да ги предаде своите територии наспроти признавањето од страна на Србија. Ова го изјави претходно косовскиот премиер Рамуш Харадинај.