Се ОБЕДИНИВМЕ повторно! Сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби Бошњаци и сите други! Социјалните мрежи екплодираа по објавата дека Стево Пендаровски е претседателскиот кандидат на СДСМ и на уште 31 партија.
Стево Пендаровски е заедничкиот претседателски кандидат, соопшти премиерот Зоран Заев по средбата вечерва со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.
-Се обединивме повторно сите Македонци, Албнаци, Срби, Турци, Власи, Роми Бошњаци и сите други. За првпат во македонската историја различните застануваат зад Стево Пендаровски, изјави премиерот.
– Пендаровски одамна одлучи да оде напред и да влече. Да биде локомотива. Голема благодарност за другите кандидати, министри од Владата кои покажаа големина и го поддржаа надпартискиот кандидат. Да живее нашето заедништво. Да живее нашето заедничко општество. Ова е историска одлука. Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани на Северна Македонија, потенцира Заев.
Посочи дека вечерва 31 политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над сите партиски интереси.
Социјалните мрежи буквално експлодираа за одличната вест која ја соопштија Зоран Заев и коалиционерите.
Се коментира дека Пенадровски мора да си ја врати победата што му ја украде Иванов.Дека победникот се знае дефинитивно веќе од денеска , дека СДСМ ќе излез уште посилно и добро е што министрите ќе останат за да ги довршат реформите и добро е што ќе победат граѓаните и ќе си ја вратат победата украдена од врхушката на Груевски и Иванов кој два мандата ја срамеше државата со своите настапи и одлуки.
Стево Пендаровски (56) е актуелен национален координатор за НАТО. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје во 1987 година. Подоцна тој бече дел од на Институтот за социолошки и политички правни студии на истиот универзитет. Подоцна станал вонреден професор на Американ колеџ за економија во Скопје.
Во 2008 – 2014 година работел на истиот универзитет каде предава теми како што се меѓународна безбедност, глобализација, светска политика и САД, меѓународни организации и институции, надворешна политика, тероризам.
Автор е на повеќе книги и дела објавени во Македонија и во странство.
Во 2001-2004 и 2005-2009 година беше советник за национална безбедност и надворешна политика на двајца различни претседатели – Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.
Тој беше кандидат на СДСМ на претседателските избори во 2014 година, но поради изборни нерегуларности победата му ја украде од актуелниот претседател на заминување Ѓорге Иванов.