Холунд го освои златото на маратонот во крос-кантри на СП

од desk2
176 прегледи

Норвежанецот Ханс Кристер Холунд е победник на маратон на Светското првенство во нордиски дисциплини во австрискиот Зефелд. Триесет годишниот Холунд патеката долга 50 километри ја мина за 1 час 49 минути 59,3 секунди.

Втор на целта стигна рускиот скијач Александар Болшунов со 27,8 секундихолун заостанување зад победникот.

Бронзата ја освои Шур Рете од Норвешка кој задоцни зад својот сонародник 57,8 секунди.