Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ, е избран за шеф на Изборниот штаб за претстојните претседателски избори.

Изборниот штаб на СДСМ е подготвен да организира позитивна, принципиелна, мирна и достоинствена изборна кампања во духот на демократските и европските вредности, соопшти СДСМ. Според нив, политичките партии имаат обврска пред граѓаните и државата да дадат свој придонес кон фер и демократски предизборен и изборен период.
„Победата на Стево Пендаровски ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на напредокот, развојот и интеграцијата“, нагласува СДСМ.