„Сан Сиро“ заминува во историја: Милан и Интер градат нов стадион

од desk2
113 прегледи

„Сан Сиро“ е изграден во 1926 година, па претставува важен дел од италијанската фудбалска историја. Стадионот бил домаќин на многу големи фудбалски битки, но наскоро ќе биде урнат.

Италијанските медиуми шпекулираат дека „Сан Сиро“ нема да може повеќе да се реновира, па уривање е реална опција. „Ла Република“ пишува дека Интер и Милан се подготвени да изградат нов стадион, кој би требало да биде сместен на стотина метри од „Сан Сиро“.

„Ла Република“ пишува дека претседателот на Милан, Паоло Скарони, кој се обидува да ја „наметне“ идејат аза изградба на футуристички стадион.

Наводно, градското собрани на Милано се согласило за реализацијата на проектот, а доколку тој навистина почне, тогаш ќе треба да биде готов до 2023 година.

Се шпекулира дека стадионот ќе има капацитет од 60.000 до 65.000 места за седење. Инаку, 60.000 такви места е минимумот на УЕФА за стадионите на кои се организираат финалињата на големите натпреварувања.