(Видео) Хрватски професор како Фреди Меркјури со детски хор ја изведе „Боемска рапсодија“

од desk2
214 прегледи

Вараждинскиот професор во музичко училиште Томислав Цвртила со Детскиот хор ја извел „Боемска рапсодија“ на бендот „Квин“ на концерт.

Но, тоа не би било ништо необично доколку притоа не се маскирал во Фреди Меркјури. Со тоа уште повеќе ја доловил атмосферата на својот проштален концерт.

Снимката од настапот на хрватскиот професор стана хит на социјалните мрежи.

„Се надевам дека не ме снимиле, но јас плачев на ова… има надеж за нашите деца“, напишала една корисничка на Фејсбук, додека друга додала:

„Браво! И за професорот и за децата. Феноменални се.“