Елиминацијата на Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите предизвика фудбалски земјотрес на сите страни ширум светот, но за разлика од другите, Фабио Капело го поврза неуспехот на „кралскиот клуб“ со следниот голем меч во Европа кој ќе го гледаме наредната недела.

Искусниот фудбалски стручњак смета дека ќе биде идеално сценарио ако двата клуба од Мадрид бидат елиминирани уште во осминафиналето во годината кога се домаќини на големото финале, а исто така надополни дека голем мотив за Роналдо може да биде дебаклот кој го претрпе „кралскиот клуб“ во пресметката со Ајакс.
– Ќе биде навистина добро ако двата тима од Мадрид бидат елминирани во годината кога тие се домаќините на финалето во Лигата на шампионите. Исто така, мислам дека дебаклот на Реал ќе влијае позитивно кај Роналдо. Тој ќе излезе со многу поголем мотив на дуелот со Атлетико наредната недела, тоа е добра вест за Јуве, – вели Капело во изјава за „Скај Спортс“./Derbi