Почина поранешна “Miss Teen Universe”

од desk2
184 прегледи

 

Манекенката и некогашна мисица Лоте ван дер Зи, почина само ден пред да наполни 20 години.

Холандскиот модел Лоте почина по фаталниот срцев удар кој го имала само ден пред својот 20-ти роденден, пренесува “Daily Mail”.

Нејзе ѝ се слошило одненадеж во текот на семејното зимување во Вестендорф во Австрија, каде планирала да го прослави својот 20-ти роденден.

Кралицата на убавината од Еншеде, во источна Холандија, која освои прво место на големото натпреварување за убавина во 2017-та година, починала во средата откако минала дури две недели во кома.

Со трогателен пост на Инстаграм нејзините родители се простија од Лота. Тие на Инстаграм ја споделија последната фотографија од својата ќерка, на која се гледа Лоте која позира во снег со црвено ски-одело и црна капа.

“Наш бисер, наше се, изгасна во средата навечер. Едноставно неверојатно е дека Лоте повеќе не е со нас. Нашите срца се скршени”, напишаа нејзините родители.