Актуелниот шампион во Мото ГП Марк Маркез постави најбрзо време на вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Катар на патеката Лосаил

Шпанецот постави најбрзо време на сите времиња на оваа патека од 1:53.380, дури три десетинки подобро од претходниот рекордер Жоан Зарко. Возачот на Репсол Хонда со ова најави дека е прв фаворит за победа во Катар. Втор беше неговиот сонародник во Јамаха Маверик Вињалес со време 1:53.854, а следуваа возачите на Дукати, Џек Милер и Данило Петручи.
Ветеранот Валентино Роси беше најголемото разочарување на вториот слободен тренинг. По првиот слободен тренинг беше прв, а очекувањата беа големи на вториот, а тој беше дури 16-ти со заостанување од повеќе од една секунда.
Во сабота е третиот слободен тренинг, додека квалификациите се од 18 часот. Главната трка е во недела од 18 часот.