Огромен пожар од запалено стрниште се шири кај Петровец . Едно пожарно возило во моментов е таму а според видеото кое во живо го пренесува новинарот Огнен Јанески на Фејсбук беше забележливо дека гори оган и има густ чад.

Јанески во текот на постирањето на видеото соопшти дека од Противпожарната единица за ТВ24 рекле дека пожарите не се опасни бидејќи горела сува трска.
Сепак новинарот со право посочи дека загадувањето што ќе се пренесе во воздухот од ваквите палења е ужасно и големо.
https://www.facebook.com/janeski.ognen/videos/1211446112342440/
Повеќе од 20 пожари предизвикани од запалени стрмништа денеска имало во скопско.
За пожар денеска МИА јави дека имало и во Истокот. До 20.30 вечерва уште бил активен пожарот кој денеска околу 13 часот го зафати атарот над делчевското село Тработивиште.
Моментно пожарот е префрлен на левата страна од патот Делчево – Пехчево над селото Тработивиште. Пожарот според очевидци настанал околу 13 часот. А не е позната причината за истата, но не е исклучена можноста да е запалено стрниште./Фокус