Најдлабокиот базен во светот ќе биде отворен во Полска

од desk2
249 прегледи

Во центарот на полскиот град Мшчонув, кој се наоѓа на 40 километри оддалеченост од главниот град Варшава, ќе биде отворен најдлабокиот базен во светот. Количината на вода во него може да наполни 27 базени со нормална големина.

Според тамошните медиуми, базенот ќе биде длабок 45 метри, што е за пет метри повеќе од досегашниот рекорд кој го држеше еден базен во Италија.

Сепак, базенот во Мшчонув ќе го држи приматот „Најдлабок базен во светот“ само шест месеци, бидејќи веќе е најавено отворањето на базенот „Blue Abyss“ во Велика Британија, кој ќе биде длабок 50 метри.

Базенот во Мшчонув ќе содржи 8.000 квадратни метри вода, а во него ќе има и подводен тунел. Покрај тоа, најавите велат дека тој ќе биде елитно здание кое ќе биде опколено од хотелски соби, ресторани и конференциски сали, кои ќе имаат поглед директно во базенот. Тој ќе биде отворен за сите, а не само за нуркачите.


„Сакав да отидам подалеку, да планирам за иднината, а не само за денеска. Во човековата природа е постојано да се трудиме да ја поместуваме границата, да одиме понатаму, да разбираме повеќе“, рече Џон Викерс – човекот кој го конструираше и дизајнираше базенот.

https://www.youtube.com/watch?v=11EPoVSWnFc