Toyota ќе произведе јапонски ровер за Месечината

од desk2
150 прегледи

Компанијата Toyota ќе оди на Месечината, здружувајќи се со Јапонската вселенска агенција JAXA ќе произведе автономен ровер кој ќе слета на Месечината во 2029 година.

Станува збор за транспортер на шест тркала кој ќе може да превезува двајца луѓе на оддалеченост од 10.000 километри, благодарение на соларната енергија.

Роверот ќе биде голем колку два минибуса, а неговата внатрешност од 13 метри квадратни ќе биде наменета за престој на астронаути.

https://www.youtube.com/watch?v=1kd2nFHAAtU