Марадона: Ние Аргентинците сме горди на Меси, ама Роналдо е ѕвер

од desk2
155 прегледи

Фантастичниот настап на Кристијано Роналдо против Атлетико Мадрид го импресионираше и фудбалскиот великан Диего Марадона.

Роналдо ги постигна трите победнички голови за Јувентус против Атлетико за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Легендарниот Аргентинец Марадона направи споредба меѓу сонародникот Лео Меси и фамозниот Португалец, но неговата наклонетост беше во полза на Роналдо.

„И двајцата се играчи кои играат како да имаат магично стапче. Навистина, ние Аргентинците сме горди на Меси, но Роналдо е ѕвер, тој е чиста моќ и фудбалски волшебник. Пред натпреварот рече дека ќе забие три гола и тоа и го направи“, рече Марадона.