ДУИ: Срамота е Лика да не знае дека ќе се трансформира Секретаријатот

од Марта Пешевска
102 прегледи

ДУИ не му остана должна на вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика дека без да го информираат ќе го трансформираат Секретаријатот за Рамковен во Министерство за политички систем.

За ДУИ срамота е Лика да не знае за предлогот бидејќи тој е дел од платформата на партијата. Од партијата додаваат дека Лика на функцијата вицепремиер за Рамковниот бил избран за да ја спроведе изборната програма, а не за да отсуствува од работа.

– ДУИ ја потсетува пошироката јавност во земјава дека иницијативата за унапредување и трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците потекнува од квалитативната Анализа за Охридскиот договор од 2015 година, од изборната платформа на ДУИ „2020“, од Албанската платформа и од договорот за Влада. Пратениците, исто како и министрите кои се избрани во овој парламентарен и владин состав се избрани врз основа на ветената програма на изборите во 2016 година – реагира ДУИ.

Функционери од ДУИ брифираат дека срамота е Лика да не знае за трансформацијата на Секретаријатот во Министерство и дека тоа упатува на заклучокот дека ниту ја прочитал партиската програма, ниту стратегијата на Секретаријатот.