Грчкиот Устав со корекции против корумпираните политичари

од Марта Пешевска
108 прегледи

Грчките пратеници гласаа за уставните амандмани, со цел полесно да ги гонат корумпираните политичари. Промените мора да бидат одобрени од парламентот по претстојните избори во октомври.

По второто гласање, пратениците гласаа за отстранување на “имунитетот” на министри и парламентарци. Со устав, тие уживаа посебен статус што ги бранеше од обвиненијата. Ова е главната причина што многу од судските процеси против поранешни министри и пратеници доживеале ќор-сокак.

“Денес ја завршивме клучната фаза од целиот парламентарен процес”, рече премиерот Алексис Ципрас пред парламентот. “За нас ревизијата на Уставот е исклучително важна!”, Додаде тој.

Во тек е истрага за илегалните врски меѓу десничарските политичари и швајцарската фармацевтска компанија Новартис и германскиот гигант Сименс во Грција.

Промените во Уставот, исто така, вклучуваат нова регулатива поврзана со претседателските избори. Парламентот повеќе нема да биде распуштен ако не успеат претседателските избори.

Во 2015 година, по три последователни неуспешни претседателски избори, парламентот се распушти и беа објавени предвремени избори.

Уставните реформи, исто така, обезбедуваат нов “религиозно неутрален” државен статус.