Инцидент на Црвениот плоштад во Москва. Еден човек се обидел да го нападне мавзолејот на Ленин и да ја посипе мумијата на починатиот советски водач со маслиново масло додека врескал “Стани! Стани! “, пренесе Раша Тудеј. Подоцна, човекот и објасни на полицијата дека тој сака да го оживее Ленин.
Мавзолејот во моментов е привремено затворен за поправки. Случајни минувачи виделер како еден човек провлекува шише маслиново масло од џебот и се обидуваше да протне низ главниот влез. Тој беше запрен од стражарите, пред да ја посипе мермерната плоча пред мавзолејот со маслиново масло.
ПОлицајците и лекарите кои го испитале т човек рекоа дека му “треба итна психијатриска помош”. Сепак, полицијата одлучи да му изрече парична казна од 500 рубли (7,50 долари) за анрушубвање на јавниот ред пред да го испрати во психијатрија.
Во текот на последните неколку години Мавзолејот на Ленин често беше предмет на вандализам, испрскан со боја и света вода, покриен со тоалетна хартија…