Зидан со победа се врати во Реал, стрелци Иско и Бејл

од desk2
163 прегледи

Зинедин Зидан со победа го започна вториот мандат на клупата на Реал Мадрид, „кралевите“ со 2-0 славеа над Селта Виго во рамки на 28. коло од шпанската Ла Лига.

Реал се мачеше во првото полувреме и никако не успеваше да ја затресе мрежата на Селта. Се редеа шансите пред противничкиот гол, но Марко Асенсио, Иско, Герет Бејл никако не успеваа да ја затресат мрежата.

Реализацијата стигна во вториот дел, најпрвин, Карим Бензема одлично асистираше до Иско, а овој ја смести топката во празната мрежа. Потоа и Бејл се запиша во листата на стрелците, откако повратникот во првиот состав Марсело одлично го проигра.

Реал во моментов е трет со 54 бода, Селта е во зоната за испаѓање, поточно на 18 место со 25 бодови. Во наредното коло „кралевите“ ќе ја пречекаат Хуеска, додека Селта ќе го пречека Вилјареал.