Во лов на скриена дрога во документарецот „The Legend of Cocaine Island“

од desk2
192 прегледи

„Имаме авион, имаме пилот и имаме план.“

Netflix го објави трејлерот за фасцинантниот документарец „The Legend of Cocaine Island“ на режисерот Тео Лав.

Имаше премиера на филмскиот фестивал Трајбека лани, а глобалната премиера ќе биде на Netflix на 29 март.

Родни Хајден, бизнисмен од Флорида, очајнички бара спас откако ќе го изгуби неговото богатство во рецесијата и одлучува да го бара митското скриено богатство за кое легендата вели дека се состои од кокаин вреден 2 милиони долари закопан на остров на Карибите.

Документарната драма е приказна за една мапа, закопано богатство и откачен план, подгреана од очај и наивна незнајност.