Луксузни кампови се очекува да ги привлечат младите луѓе и оние од средна возраст кои се подготвени за компромис во удобност за да уживаат во слободата да живеат во дивината.
Луксузните кампови се планираат да се градат на островот Лезбос и во регионите на Коринт и Атика.
“За прв пат Лесбос ќе биде пионер во туристичката индустрија со инвестиција која има за цел да влезе од луксузниот хотел за сместување со камп со 5 ѕвездички да да привлече нов профил за туристите кои ќе можат да го посетат островот, рече архитектот Јоана Валина .
Компанијата планира да изгради луксузни шатори на површина од 16.968 квадратни метри во рурална област во западниот дел на островот Лесбос. Кампот ќе вклучува две згради со базени и турска бања, отворена скара и отворена традиционална камена печка.
22 луксузни шатори ќе бидат сместени меѓу маслинови дрвја и ќе бидат отстранети на крајот од туристичката сезона заедно со целата опрема. Кога кампот е затворен, на парцелата нема да има видливи знаци на туристичка активност, ама во лето с еочекува вистинска атракција во дивината.