Денес британските пратеници повторно ќе гласаат за Брегзит.
Ќе се гласа за серија алтернативни предлози за договорот од страна на премиерот Тереза Мај.
Меѓу опциите може да биде избор меѓу одржувањето втор референдум , откажување од Брекит, напуштање на ЕУ без договор и зачувување на членството на земјата во Царинската унија на ЕУ и Единствениот европски пазар.
Парламентот веќе еднаш гласаше да ја преземе контролата врз процесот на излез од ЕУ.
Формално, “разводот” со ЕУ требаше да биде на 29 март оваа година, но се чини дека е сè потешко да се стори тоа.
Тешките разговори меѓу Лондон и Брисел ги вклучуваат позициите на неколку владини министри.
Зајакнати се шпекулациите во британскиот Парламент и дека самиот премиер Тереза Меј ќе го објави датумот на своето пензионирање како последен обид да се помогне на договорот за Брегзит.
ЕУ пресуди дека нема да има повторно преговарање за договорот.
