Словенија е рекордер во ЕУ и во светот во поскапување на становите

од desk2
131 прегледи

Цените на становите во Словенија минатата година се зголемија најмногу во светот, а такво рекордно поскапување на цените во изминатата деценија бележат само Исланд и Хонгконг, пишува денес „Пословни дневник“.

Зад Словенија се Малта, Кина и Унгарија, според анализата на компанијата „Најт Франко“ која ги следи цените на недвижностите на глобално ниво.

Според словенечката државна статистика, цените на недвижностите во Словенија во последниот квартал од 2018 година се зголемија за 18,2 отсто во споредба со истиот период од 2017 година.

За зголемувањето на цената на становите во Словенија најмногу придонесе растот на цените на старите недвижности за 19,8 проценти, пишува „Пословни дневник“.

Словенечката геодетска управа неодамна објави дека просечната цена на квадратен метар на стар стан минатата година изнесуваше 2.770 евра, и дека минатогодишното просечно поскапување на старите станови во Љубљана го надмина рекордното ниво од 2008 година.

Во словенечките агенции за недвижности велат дека развојот на туризмот во Словенија, во голема мера придонесол за нагло зголемување на цената на станбенинедвижности, и дека во Љуљана, на брегот и на други атрактивни туристички локации се купувале станови за изнајмување на туристи, но дека овој „бум” полека престанува.