Сончево со мала до умерена облачност

од Марта Пешевска
105 прегледи
   Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Утринската температурата ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од осум до 19 степени.

Во Сккопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до еден степен,  а дневната температура до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.