(ВИДЕО) Софи Тарнер и Мејси Вилијамс за пријателството и крајот на „Игра на тронови“

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Со наближувањето на финалната сезона 8 на Game of Thrones правиме биланс на годините поминати со хит-шоуто на НВО, како и начинот на кој тоа ги  променето судбините на голем дел од актерите во него.
Емилија Кларк стана една од најпознатите и најпочитувани актерки во светот, Кит Харингтон ја откри својата партнерка на сетот, а Софи Тарнер и Мејси Вилијамс станаа најдобри пријателки.

Во оваа прилика тие заедно се појавуваат на насловната страница на списанието “Ролинг Стоунс”. Нивната фотосесија беше снимена од Никол Нодланд и не остава сомнеж дека двете актерки  навистина се во прекрасна врска.

“Кошмар е да се работи со нас”, коментира Тарнер. “Кога работиш со својата најдобра пријателка, всушност не завршуваш никаква работа. Најтешко е да останеме сериозни. Претпоставувам дека зажалија што ни направиле заеднички сцени.”

21-годишната Вилијамс пак признава дека цело време малку ѝ завидувала на Софи Тарнер за најубавите фустани, фризури и совршена шминка на хероината Санса.

“Имав 15 години, сакав да сум девојка, да си имам дечко. Затоа кога првпат ми дадоа да носам градник за снимањето, си реков: Да! Веќе сум жена”, изјавила по повод реинкарнацијата како Арја Старк актерката.

Двете го очекуваат излегувањето на новите “суперхеројски” филмови – Тарнер е во “Црниот  Феникс”, а Вилијамс – во “Новите мутанти”.

Финалето на Играта на престолите е се уште со нив. Тарнер открива малку повеќе за него: “Секоја приказна го наоѓа својот крај”. И Вилијамс дури ни дава џокер: “По читањето на сценариото во осмата сезона, првпат си реков – има многу заеднички работи”.

https://www.instagram.com/p/BveIewPj1vJ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_locale_control

https://www.instagram.com/p/BvghKignPol/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_locale_control

https://www.instagram.com/p/BvfGILIhNkE/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_locale_control