Гол и црвен картон за Несторовски

од desk2
255 прегледи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски го постигна единствениот гол за Палермо во денешното реми на гости со Козенца. За Несторовски ова беше 10.гол оваа сезона.

Сепак, Македонецот нема многу причини за славење, бидејќи во самиот финиш на мечот доби два жолти картона, по вториот автоматски доби црвен и беше исклучен.

Палермо по 28 натпревари е на второто место на табелата со 50 бода, исто колку што има и лидерот Бреша која е со натпревар помалку.