Синдикат: Јавно-приватно партнерство е штетно за вработените и за пациентите

од desk2
174 прегледи

Јавното приватно партнерство во здравството е штетно за државата, вработените и пациентите, смета Самостојниот синдикат на вработените во клиничкиот центар.

Доколку Министерството за здравство се залага за регионализација и затварање на болниците, Синдикатот е на мислење дека за тоа прашање треба да се консултираат граѓаните. Ако се планира болниците да се дадат во сопственост на приватни газди, како модел на јавно приватно партнерство за Синдикатот е нејасно како тие ќе ги исполнат капацитетите на болниците и од каде ќе обезбедат здравствен персонал.

„Едно ЈПП кој е долгорочен договор помеѓу државата и приватниот партнер помеѓу 15 и 30 години, со преземени обврски и јасно дефинирани газди кои се, поради тоа што рековме прво дека јавното здравство го штити социјалниот мир, е штетно за државата. Истовремено, сигурно се јавува како проблем вработените во Јавните Здравствени Установи и нивната понатамошна судбина, бидејќи приватниот газда се знае како работи, имаме искуства, а највеќе според Синдикатот ќе ги погоди пациентите и граѓаните. Сигурно овие услуги што им се достапни во јавното здравство нема да им се достапни во приватното здравство.“ – вели д-р Горан Беговиќ – претседател на самостаен синдикат на Клинички центар Скопје.

Од синдикатот порачаа дека целта на јавното здравство не е остварување добивка, туку обезбедување на социјалниот мир и здравстена заштита на граѓаните.

„Не гледаме кои се бенефитите освен финанскиот бенефит кој крајно гледано и тоа нема да упсее, во секој случај јавното здравство секаде во светот е трошок на државата и не носи паричен профит, но носи профит во социјалниот мир во граѓаните кои се осигурани и за тоа осигурување може да си добијат и обезбедат како и сега врвни здарвствени услуги, ако не е доволно искористен тој капацитет во Кочани и Кавадарци има начини како министерството за здравство би го менаџерирало тој процес во рамки на државното здравство“. – вели д-р Беговиќ.

Претходно и дел од младите лекари реагираа дека без издржани анализи, но и комуникација на властите со медицинската фела, се против избрзани решенија. Според асоцијацијата на специјализанти – секоја загуба на јавна здравствена инситуција е загуба за околното население и за државата и додека приватните здравствени установи генерираат профит, јавните имаат сосема друга цел.

Министерот за здравство пак на став дека сегашниот систем не е функционален. Филипче убедува дека со ЈПП нема да има отпуштања на здравствени рабтници, а пациентите ќе имаат можност да бираат каде ќе се лекуваат, за што тврди дека нема да плаќаат дополнителни трошоци./24 Вести