Вратете си ја силата во три чекори

од desk2
194 прегледи

 

Кога сте обврзани да ги завршите сите задачи, но немате сила или желба, обидете со овие три магични потези!

Понекогаш ни се случува да се чувствуваме без желба и празно. На тоа може да влијаат различни животни фактори, а понекогаш и банални работи како лошото време или недостаток на сон. Вратете ја енергијата на едноставен начин и направете го животот подобар.

Пијте многу вода

Обидете се да пиете колку што е можно повеќе вода секој ден. Д-р Алисон Кол открила за женското здравје дека несоодветниот внес на течности во телото е главен виновник за чувство на замор и мрзеливост. Ако е полесно за вас, заменете одредена количина на вода со природни чаеви или незасладена лимонада.

Комбинирајте протеини и јаглени хидрати

За најдобар енергетски поттик во истиот оброк, конзумирајте протеини и јаглени хидрати. Се разбира, бидете сигурни да биде што поздрава храна како овошје, зеленчук, интегрален ориз, месо и житарици од цело зрно.

Прошетајте

Ако чувствувате чувство на замор и ако немате желба, одморете се 10 минути и прошетајте низ куќата, дворот или канцеларијата. Наместо телефон, со себе земете шише со вода и обидете се да го освежите вашето тело и на неколку минути да го одморите мозокот.