Мадона ќе пее на Евровизија ако платат еден милион долари

од Марта Пешевска
148 прегледи

Поп-ѕвездата Мадона ќе се согласи да учествува на овогодинешниот конкурс за песна на “Евровизија” во Израел, ако и  бидат платени еден милион долари, соопшти израелскиот портал Ynet , а  оваа сума треба да биде платена од милијардерот Силван Адамс.

Исто така израелските медиуми објавија дека Адамс преговарал со националната телевизија и решил цената за учество на светската мегаѕвезда да биде на негова сметка.

Натпреварот за песна на “Евровизија” ќе се одржи од 14 до 18 мај, а во моментов течат подготовките, а специјалните гости се уште не се јасни. Имаше гласини дека програмата ќе  ја оди познатиот модел Бар Рафаели, но се споменува и името на актерката Гал , позната од филмот “Жената чудо”.