Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хамит Аксои го критикуваше повикот на заменик-началникот на прес службата на американското Министерство за надворешни работи Роберт Паладин за признавање на прелиминарните резултати од локалните избори во Турција кои се одржаа на 31 март, соопштува ТАСС.
” Ниту една земја нема право да излегува од рамките на демократијата и да се меша во изборните процеси во други земји, како и да се позиционира како легитимен извор на легитимност на резултатите од гласањето.
Турција е правна држава , а изборите на 31 март беа одржани во демократска и транспарентна атмосфера . во периодот на изборите во републиката имаше стабилност и мир . Ги повикуваме сите страни да го почитуваат демократската и правна борба меѓу политичките сили во Турција “, се истакнува во соопштението на Аксои.
Потсетуваме дека локалните избори се одржаа во Турција на 31-ви март. Според последните податоци на Врховниот изборен одбор, владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), која се појави во сојуз со Партијата за националистичка акција, освои 51,62 проценти од гласовите, додека најголемата опозициска Републиканска народна партија во сојуз со “Добра партија “доби 37,56 отсто од гласовите.
Вчера претставниците на АКП поднесоа барање за повторно пребројување на гласовите на изборите во Истанбул и Анкара, тврдејќи за значителни нерегуларности за време на гласањето.