Веганите се најздрави и можат да нè надживеат

од desk2
213 прегледи

Ново истражување објавено во The Journal of Nutrition открива како различните диети влијаат на биомаркерите како антиоксидансите, односно каротеноидите. Откриено е дека веганите имаат најмногу антиоксиданси во телото, веројатно затоа што јадат многу повеќе овошје и зеленчук.

Во истражувањето биле опфатени 840 испитаници со различни стилови на исхрана како вегани, вегетаријанци, полувегетаријанци, месојадци и слично. Од учесниците биле земени примероци од крв и од урина, а научниците го проучувале нивото на антиоксиданси, заситени и незаситени масти како и на витамините.

Резултатите покажале дека веганите имаат најмногу каротеноиди, но и изофлавон и ентеролактон, комбинација која може да ги намали воспаленијата. Поголемите хронични воспаленија се поврзуваат со низа болести.

Веганите во телото имаат најмногу омега-3 масни киселини, а оревите, чиа семето и лененото семе изобилуваат со нив. Вегетаријанците имале слични биомаркери со нив.

Ова не значи дека не треба да јадете месо, туку во исхраната да вклучите што повеќе овошје и зеленчук.