Пролетта и потоплото време можеби стигнаа на југот на земјата, но на северот на Шведска е друга приказна.
Во најсеверниот ски-ресорт, неочекувани 4 метри метри снег веќе паднаа, а се очекува уште.
„Ова е повеќе снег од просекот, сигурно. Имавме многу снег и невреме минатите неколку дена“, вели Магнус Орместад од ски-ресортот „Риксгонсен“, во близина на северната граница со Норвешка.
„Патот што поминува покрај ресортот и го поврзува со Нарвик, е затворен веќе два дена поради лавини кои го затрупаа и огромните количини снег“, додава тој.
„Но, ова е Арктик, па луѓето не се грижат многу“.
https://www.instagram.com/p/BvuC5VchF8Z/?utm_source=ig_embed