Расел Вестбрук постигна 19 поени и направи 15 асистенции во победата на Оклахома Сити над Детроит со 123:110, а при својата трета асистенција во натпреварот си загарантира просечни „трипл-дабл“ индикатори за трета сезона по ред.
https://youtu.be/aPF_9CdsVHY
Ниту еден друг играч во целата историја на НБА не постигнал нешто слично.
Досега во оваа кампања бекот на Тандер има 23.0 поени, 11.1 скока и 10,5 асистенции во просек на натпревар. При четириесет и шестата победа на ОКС сезонава Вестбрук немаше ден во однос на шутот (6/18 од игра), а кон статистиката си додаде и 8 скока, 1 одземена топка и 4 грешки за вкупно 35 минути на теренот.
Пол Џорџ со 30 поени, 8 скокови и 4 асистенции заврши како најефикасен за домаќините, додека Џермејн Грант додаде 19 поени и 7 скокови. Уште тројца од играчите на Били Донован имаа над десет постигнати поени – Денис Шредер (14), Стивен Адамс (14) и Маркиф Морис (12).
Вестбрук постигнал „трипла дабл“ во 44.9% од неговите натпревари во сезоната 2018/2019 – процент, поголем од оној при шутот од игра – 42.6%. Покрај сето ова, тој, исто така, исполни ветување што го даде на новинарите пред повеќе од две години – дека ќе му се одмазди на Заза Пачулија за направениот тежок прекршок. Расел го направи ова со неспортски прекршок против грузискиот центар на Детроит.
Блејк Грифин и неговите 45 поени не беа доволни за гостите од Мичиген. Иш Смит додаде 12, Лангстон Галовеј имаше 11, а Реџи Џексон заврши со 10.
Резултати од НБА:
Шарлот – Торонто 113: 111
Орландо – Атланта 149: 113
Вашингтон – Сан Антонио 112: 129
Хјустон – Њујорк Никс 120: 96
Индијана – Бостон 97: 112
Минесота – Мајами 111: 109
Оклахома Сити – Детроит 123: 110
Далас – Мемфис 112: 122
Јута – Сакраменто 119: 98
Феникс – Њу Орлеанс 133: 126 (по продолжение)
Денвер – Портланд 119: 110
Голден Стејт – Кливленд 120: 114
Лос Анџелес Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 117: 122