На стартот на 33 коло во Премиер лигата, гостите со полн плен си заминуваат. Лестер успеа убедливо да слави против испаднатиот Хадерсфилд со 4-1, па така се искачи на седмата позиција во Премиерлигата.

Најубедлив беше Лестер кој го совлада Хадерсфилд на гости со 1-4 кој со мислите веќе е во втората англиска лига. Белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс ги донесе во водство „лисиците“ со погодокот во 24 минута.
Англискиот репрезентативец Џејмс Варди на стартот на вториот дел го зголеми водството, а за домаќините почесен погодок постигна Мој во 52 минута од пенал. Следуваа уште два погодоци на Лестер, Медисон и уште еднаш Варди кој стави точка на натпреварот.Со оваа победа поранешниот англиски шампион се искачи на седмата позиција./Sport 1
Останати резултати:
Бурмут- Барнли 1-3
Њукасл- Кристал Палас 0-1