Марадона поради судиите го напушта Дорадос

од desk2
82 прегледи

Легендарниот аргентински фудбалски тренер Диего Армандо Марадона го објави своето заминување од клубот Дорадос по завршување на сезоната.


Денес, неговиот клуб одигра нерешено со Венадос во претпоследното коло од регуларниот дел на втората дивизија во Мексико. Тимот треба да одигра уште еден натпревар во основниот дел, а потоа ќе игра во плејофот.
По завршувањето на сезоната ќе го напуштам Дорадос, одлучи Марадона. – Жал ми е, но ова е моја одлука.
Тој додаде дека поради неговото присуство како главен тренер, судиите имаат предрасуди кога му судат на Дорадос.
Дали знаете зошто судиите не ни свират чисти ситуации за нас? Само затоа што тимот е предводен од Марадона, рече огорчено контроверзниот тренер.
Марадона го презема Дорадос во септември 2018 година.