На официјалниот канал на мегапопуларната ТВ-серија „Game of Thrones“ беше објавено кратко видео како дел од промоцијата за последната, осма сезона што треба да почне за една недела.

Овој промотивен спот се разликува од другите по тоа што актерите не се појавуваат во нивните улоги, туку во свечено, гламурозно издание.
Во спотот исто така се покавуваат и неколку актери чии ликови веќе се убиени во серијата.
Премиерата на осмата сезона на „Game of Thrones“ е на 14 април.