Облачно со врнежи од дожд

од Марта Пешевска
167 прегледи

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Beautiful yellow daisy in the morning dew. Shallow depth of field

Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени,  а дневната температура од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната до 16 степени.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса која ќе предизвика пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.