Облачно со врнежи од дожд

од Марта Пешевска
101 прегледи

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 20 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утринската температура ќе се движи од два до 11 степени, а дневната температура од шест до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.