Еден од омилените дизајнери на славните, чии чевли и чанти одамна го освоија модниот свет, Марк Џејкобс, викендов се венча со партнерот Чарли Дифранческо.

Во друштво на најблиските, Џејкобс и Дифранческо го кажаа судбоносното „да“ и потоа прославија во ресторанот The Grill на Менхетн.
Џејкобс (56) веста ја соопшти ја Instagram со фотографија на која го носи венчалниот прстен, а во фокус на фотографијата е брошот од црн оникс и дијаманти, подарок од Фабио Замбернарди, дизајнерот на Pradа и Miu Miu. Тој во описот додава дека симболиката на брошот е дека пингвините избираат еден партнер за цел живот.
Меѓу гостите на интимната свеченост беа уредничката на Vogue Ана Винтур, актерката и модел Емили Ратајковски, моделите Кејт Мос, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон, како и актерките Деби Мазар и Бет Мидлер. Присутни беа и сестрите Џиџи и Бела Хадид, дрег кралиците Манила Лузон и Мис Фејм, како и моделот Каја Гербер и пејачката Рита Ора.
Џејкобс го запроси поранешниот манекен Дефранческо точно пред една година, а венчавката се одржа еден ден по роденденот на неговиот избраник. Двајцата се забавуваа од 2015 година.
https://www.youtube.com/watch?v=GL1_rTydOrI