ВИДЕО: Парижани садат градини по улиците на Париз

од desk2
114 прегледи

Во Париз жителите на оваа најпозната светска метропола почнаа да садат вистински градини по улиците. Секој жител може да аплицира за да добие дозвола да посади урбана градина. Градините може да се посадат на ѕидови, на огради, на покриви. Притоа, забранета е употреба на хемиски пестициди, додека се поттикнува одгледувањето билки кои ги сакаат пчелите, како и овошки и живи градини по ѕидовите.

Оваа е една од мерките со кои Париз сака да го зголеми биодиверзитетот, квалитетот на живот и да го прочисти воздухот. Градоначалничката Ана Идалго сака да додаде 100 хектари зеленило во градот, а една третина од тоа зеленило да биде овошје и зеленчук.

Досега се издадени 3.000 дозволи за садење градини. Париз е еден од најгусто населените градови вo Европа, но само 9,5% од површината е паркови. Ова е само една од неколку иницијативи кои имаат за цел да го направат Париз „позелен“.

Во Париз ќе бидат направени јавни градини со површина од 30 хектари, ќе бидат посадени 20.000 дрвја и во училиштата ќе почнат да се садат зеленчукови градини.

https://www.facebook.com/worldeconomicforum/videos/644224862699674/