Посни ситни колачи: Марципан со ореви

од desk2
732 прегледи

Никој нема да знае дека ова се посни колачи!

СОСТОЈКИ:
100 мл вода
350 гр шеќер
160 гр ореви
160 гр посни бисквити
150 гр посен маргарин
малку екстракт од рум
СОСТОЈКИ ЗА ФОНДАН:
250 гр шеќер во прав
4 лажици врела вода
1 лажица масло
1 лажичка сок од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во тенџере ставете шеќер, додајте вода па кога ќе зоврие додајте сечкан маргарин. Оревите и бисквитите сомелете ги па додајте ги во тенџерето. Додајте и неколку капки рум. Сè добро измешајте и разлејте во плех кој сте го обложиле со хартија за печење и израмнете. Оставете на ладно место околу 2 часа.
Во длабоко тенџере ставете шеќер во прав и додајте вода и мешајте, па додајте сок од лимон и масло. Разлејте преку изладениот колач и израмнете.
Оставете еден ден за глазурата да се исуши и да стегне. Сечете на парчиња и послужете.
Уживајте!

Слични содржини