Димитров: Јас и Пендаровски сме заедно, другото е медиумска прикаска

од Марта Пешевска
116 прегледи

Никола Димитров, министерот за надворешни работи синоќа  во студиото на 1ТВ  ги разјасни медиумските шпекулации дека тој и Пендаровски се скарани и дека тој е лут затоа што не ја добил претдедателсксата кандидатура, а Пендаровски затоа го искарал.

Димитров рече дека не добил никакви забелешки од Стево Пендаровски дека не му дава поддршка во предизборната кампања за претседател на Македонија, туку дека се тоа е повеќе медиумска претпоставка, односно медиумски интерес

– Ние на некој начин сме во комплементарност. Тој зборува за НАТО и за почеток на преговорите со Европската Унија ,а јас тоа го работам. Ние сме комплементарни во неговата визија и мојот фокус на она што го работам во овој период, истакна шефот на македонската дипломатија.

Шпекулациите излегоа откако Димитров  никаде не се појави на митинзите на Пендаровски. Сепак тој во синоќешното гостување разјасни дека штотуку се врати од двонеделната „дипломатска турнеја“ во која беа опфатени посети на САД, Германија и Полска.