
Уште една недела до почетокот на светското првенство на кое ќе учествуваат 620 натпреварувачи и натпреварувачки во унгарската престолнина Будимпешта.
Во натпреварите во сингл-мажи учесниците се 312 од вкупно 113 земји. Дозволен максимален број пет натпреварувачи (тројца со право, плус по еден од првите 20 и 100 на светската ранг листа) имаат седум држави – Бразил, Кина, Германија, Јапонија, Кореја, Шведска и кинески Тајпеј, а домаќините се со шест натпреварувачи. Шампионот на Македонија, Кристијан Станојковски и Петар Костовски се нашите претставници во машкиот дел на првенството..
Кај женските,ќе има 102 парови, од 75 земји. 147 од 78 земји се во мешани двојки.