Зошто треба да јадете маслинки?

од desk2

Маслинките се богати со железо, калциум, влакна, бакар, витамин К, витамин Е и натриум. Ако сакате да бидете убави и здрави – јадете маслинки.

Еве што се случува во вашето тело кога јадете маслинки:

1. Губите тежина

Маслинките имаат мононезаситени масти и влакна, компоненти кои ќе ве држат задоволни и сити. Маслинките имаат негативен внес калории што значи дека се потребни повеќе калории за варење на маслинките од самите маслинки. Тука се и добрите масни киселини кои стимулираат хемикалија што согорува масти пет часа по консумирањето.

2. Го штитат срцето

Главната масна киселина во маслинките е олеинската киселина. Откриено е дека оваа здрава маст го подобрува здравјето на срцето, го регулира нивото на холестерол и го штити лошиот холестерол од оксидација.

Неколку студии, вклучувајќи ги и овие направени во Шпанија и Италија, прегледале 140.000 учесници кои консумирале маслиново масло и тие имале значително помал ризик од мозочен удар од оние кои не јаделе. Маслиновото масло не е исто што и маслинките, тоа е исто така здрава маст со истите здрави благодети.

3. Го зајакнува имуниот систем

Маслинките содржат антиоксиданси, особено полифенол познат како олеуропеин кој може да го добиете само од билки. Оваа моќна хемикалија го штити телото од штетни слободни радикали кои предизвикуваат вирусни инфекции, па и болести.

4. Заштита од некои типови рак

Поради способноста да го поттикнат имуниот систем исто така имаат и моќ да ги заштитат клетките од рак.

5. Подобрување на плодноста

Антиоксидансите имаат способност да ги деактивираат слободните радикали во телото кои играат голема улога во оштетувањето на сперматозоидите и јајце клетките, што може да доведе до неплодност. Едно истражување покажа дека консумирањето 75 грама храна богата со антиоксиданси на ден (во случајов ореви) го подобрил квалитетот на спермата.

Други придобивки од маслинките се подобрување на вашето паметење (маслинките имаат позитивно влијание на мозочните функции и психијатриските нарушувања), како и намалување на појавата на брчки и одржување на здрава и мека кожа.

Слични содржини