Управниот суд ја поништи одлуката на ДКСК за субвенциите

од Vlatko K
127 прегледи

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Драгослав Радичевски – претседател на советот, Лулзим Салиу и Дрита Мемети – членови на советот, со записничар Љубица Стојковска Перковска – виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, против Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, за спречување на корупција и судир на интереси, на седницата на советот одржана на 19.04.2019 година, согласно член 36 став 2 од Законот за управни спорови, донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е   З А   Ј А В Н О С Т А

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Драгослав Радичевски – претседател на советот, Лулзим Салиу и Дрита Мемети – членови на советот, со записничар Љубица Стојковска Перковска – виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот  Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, против Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, за спречување на корупција и судир на интереси, на седницата на советот одржана на 19.04.2019 година, согласно член 36 став 2 од Законот за управни спорови, донесе пресуда Урп.бр.21/2019 со која

Тужбата на тужителот Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, СЕ УВАЖУВА.

Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, СЕ ПОНИШТУВА.

Донесеното решение во целост ќе биде објавено најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение.