Предвремени локални избори за градоначалници денеска се оддржуваат во Охрид, Ново Село и Дебар.

Во трите општини избирачот, покрај ливчето за претседател, добива и едно ливче само за избор на градоначалник.
Според Избирачкиот список на ДИК, за предвремените локални избори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.
Во Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.
Вториот круг на предвремените локални избори за овие три општини ќе се одржи заедно со претседателските на 5 мај.