Крвава велигденска недела: Напади врз цркви и хотели во Шри Ланка

од Марта Пешевска
143 прегледи

Во серија напади врз хотели и цркви на Велигден во Шри Ланка загинаа најмалку 156 луѓе, меѓу кои и 35 странци, објави Дојче Веле.

    

Нападите беа извршени врз три луксузни хотели и една црква во главниот град Коломбо, како и во две други цркви недалеку од Колобо, на истокот на Шри Ланка. Меѓу десетиците загинати има и 35 странци, соопшти полицијата.

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге оцени дека нападите се „кукавички“.

Експлозиите во црквите се случиле за време на велигденските миси. Болнички извори зборуваат за стотици повредени.

Sri Lanka Colombo Explosion in St. Anthony's Kirche (picture-alliance/AA/C. Karunarathne)Еден од нападите беше извршен во црквата Свети Антонио во Коломбо

Шефот на полицијата во земјата, Пуџут Џајасундара, пред десет дена предупреди на опасноста од самоубиствени напади од страна на радикалната исламистичка група НТЈ. Притоа тој се повика на информации на „странска тајна служба“

Во мнозински будистичката Шри Ланка само шест проценти од населението е со католичка вера.

Sri Lanka Colombo Sicherheitskräfte nach Explosion in St. Anthony's Kirche (picture-alliance/AP Photo/E. Jayawardena)

Германската влада на нападите во Шри Ланка реагираше со ужаснатост. Портпаролот на германската канцеларка, Штефен Зајберт, на Твитер напиша: „Ужаснати сме од веста дека христијани на Шри Ланка биле нападнати и убиени за време на велигденски миси. Тагуваме и се молиме за повредените и семејствата. Тероризмот, верската омраза и нетолеранцијата не смеат да победат.“

Дојче Веле