Рускиот Сенат го одобри законот за руски интернет, изолиран од глобалната мрежа , пренесе Дојче Веле.

 

За “автономната” руска мрежа, која веќе стана позната како “ренет”, гласаа 151 сенатор, четворица беа против, еден воздржан. Откако ќе биде одобрен од Сенатот, документот мора да биде потпишан од рускиот претседател.

Предлог-законот беше поднесен на разгледување во парламентот во декември 2019 година. Според предлагачите, целта е да се обезбеди посебен Интернет за Русија во случај руските оператори да бидат исклучени од глобалната мрежа . Според нив, ова се должи на “агресивната природа” на безбедносната стратегија на САД. Предлагачите  не објаснуваат што во американската безбедносна стратегија и  се заканува на Русија со исклучување од глобалната мрежа.

Тешко е да се разбере што се случува во реалноста. Високите руски чиновници се обидуваат да го омаловажат законот, иако  објаснуваат дека Русија не планира да се исклучува од светскиот интернет. Се создава впечаток дека станува збор за законодавство при вонредна состојба, еден вид ако Американците одлучат да воведат санкции или да ја исклучат Русија од интернет.

Нон сенст е во тоа што никој не објаснува во што се состои заканата за рускиот интернет. “- коментира Волфганг Клајнвохтер, еден од водечките германски експерти за веб технологии.

Во самата Русија се појавија стравувања дека зад законот лежи обид да се наметне контрола  над интернет сообраќајот.

Законот ги утврдува правилата за “рутирање” сообраќај, создавајќи можност да го ограничи истекувањето на податоците за девизи меѓу руските потрошувачи во странство. Се предвидува дека одговорноста за работата на рускиот интернет ќе биде доверена на државната структура Росемманзор.

Законот се очекува да стапи на сила на 1 ноември 2019 година.