Весели: ИВЗ своето раководство ќе го избере сама

од desk2
105 прегледи

Муамер Весели од седиштето на ИВЗ денеска соопшти дека тие сами ќе си го избираат своето раководство.

– Сулејман Реџепи е легален поглавар на ИВЗ. Освен ИВЗ другите институции немаат право да одлучуваат за внатрешните работи на оваа институција. ИВЗ е самостојна и автономна институција која сама ги носи своите одлуки и сама го бира своето раководство. Ниту основниот суд ниту било која друга институција нема ораво да ни каже или да одлучи кој ќе биде Реис Ул-Улема на Исламската Верска Заедница. Судот ако сака нека одлучи за МПЦ. ИВЗ своето раководство ќе го избере сама – изјави Весели, пренесува Слободен печат.

Тој истакна и дека медиумите ќе бидат известени кога ќе биде одржана следната седница.
Во моментот се одржува и седницата на ријасетот на исламската верска заедница во факултетот за исламски науки во Кондово.