Стирлинг доби награда за борбата против расизмот

од desk4
127 прегледи

Силната позиција на Рахим Стирлинг против расизмот во фудбалот беше наградена за време на наградите на „БТ Спорт Индустри“.

Дваесет и четири-годишниот фудбалер ја доби наградата за интегритет и влијание од селекторот на Англија, Герет Саутгејт на церемонија во Лондон.

Стирлинг неодамна предложи за расизам клубовите да бидат казнети со минус 9 поени. Освен тоа, долги години влијае постојано темата.

– Гласот на спортистите продолжува да има силно влијание на терените и надвор него со спортисти како Рахим Стирлинг кои прават многу за да ги истакнуваат проблемите кои влијаат на нас, изјави шефот на „Спорт Индустри Груп“, Ник Келер.

Самиот Стирлинг беше среќен поради наградата.

– Треба да даваш пример на младите. Кога следната генерација ќе дојде, треба да дадеш пример, изјави крилото на Манчестер Сити.

Саутгејт, ФА и тимот на Англија од Мундијалот 2018 добија награда за Лидерство во спортот