(ВИДЕО) Тамара ја изведе евровизиската нумера акустично во живо

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Веќе почнуваат да се одбројуваат деновите до евровизиската вечер и фановите на фестивалот се нетрпеливи да ги чујат официјалните песни со кои ќе се натпреваруваат земјите исполнети во живо.

Нашата песна со која ќе се претставиме годинава „Proud“ (Горда), досега имавме можност да ја чуеме само како официјален сингл пропратен со спот. Но, Тамара сега изненади и со акустична верзија на нумерата, а обожавателите не можат да престанат да го прегледуваат видеото и да ја изразуваат поддршката.

На верзијата во која Тамара ја изведува маестрално песната пратена од Роберт Билбилов на пијано, огромен број евровизиски фанови од Македонија, но и светот оставија свои позитивни коментари и воодушевување.

„Конечно Северна Македонија има изведба во живо со ист квалитет како снимката“, „Мора да те видиме во финалето“, „Апсолутен фаворит“, „Топ 5 годинава“, и слично, се само дел од зборовите кои ги оставиле гледачите од целиот свет.

Слични содржини