Метеж на ГП „Богородица“ за влез во Грција за Велигден

од desk2
105 прегледи

 

Колони возила чекаа за излез од државата за да се упатат кон соседна Грција на продолжен празничен викенд за Велигден. Состојбата се нормализираше во попладневните часови. Како што информираа пограничните служби претпладнево, за излез од државата се чекало не повеќе од 20 тина минути а во функција билес тавени сите ленти за пасошка контрола. Заклучно со 12 часот државата ја напуштиле 12 илајди патници од кои околу 7 илјади македонски државјани кои од пограничните служби во пасошите добиваа печат на р. Северна Македонија а возилата добиваа нови налепници.

Не поразлична беше ситуацијата и на ГП Дојран каде за излез од државата се чекало од 10 до 15 минути. Туристичките работници тврдат дека за Велигден, македонските граѓани најголем интерес покажале за туристичките места на Халкидики, но и за грчките осторви. Поголема фрекфенција на ГП Богородица очекува после велигденските празници ипрви мај кога македонските граѓани ќе се враќаат од соседна Грција./24 Vesti